конфронтира св. и несв.

конфронтира (св. и несв.)

Претпразничната расположба, инаку, ги конфронтира луѓето во два табора: на критичари - купувачи и критикувани - продавачи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Да гризе? Да провоцира! Да опонира! Да се конфронтира!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Гринавеј, наместо да ја појасни оваа необична приказна, веднаш го конфронтира гледачот со збунувачка визуелна и аудитивна буица од неокласични сцени, вртоглави играчи, компјутерски генерирани видео слики, Елизабетски стихови и сензационални звучни ефекти.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Надменоста и разиграноста, помодното шарлатанство и дрското однесување би морале да се надминат со постојаното и внимателно конфронтирање со класиката, не, значи, со класицистичкото.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ете неколку, меѓу многуте, причини (артикулацијата, транспарентноста, ставот) зошто во ударниот темат на оваа Маргина се поместени есеите на Борис Буден, кој освен што веројатно е најинтересниот хрватски аналитичар на премрежијата меѓу културата и политиката, воедно е и еден од клучните луѓе на мошне значајното (иако со мал тираж) списание „Аркзин“ (на делумно сличен начин како Маргина овде „Аркзин“ е конфронтиран со тамошниот интелектуален естаблишмент).
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Заради тоа, тие се ангажирале да го попречат таквиот од на Организацијата преку мирно вовлекување во нејзините редови и преземање на нејзиното раководство, или преку отворено конфронтирање со неа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Времето во кое таа се раѓа, израснува и живее и во кое се осмислува како поимска вертикала е време на војни, преселби, страдања и жилави напрегања да се опстои, време на новопоставени граници, трагични дистанцирања, делби, оттуѓувања и конфронтирања.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Разговарај, не се конфронтирај. Креативно спротивставувај се.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Сето тоа се конфронтира со самата помисла дека можеби некогаш ќе дојдам до некакво решение.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И колку и да се фаќаше во мислите со компромисот да се оддалечи од првиот наум, кој не го признаваше пред Татко, тој најпосле си ја состави својата листа од десетте најопасни зборови која требаше утредента да ја конфронтира со Татковата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)